curtain - онтологија

завеса повеќе

мн. завеси
Вид збор: Именка, женски род
Покривка за прозорец која служи за заштита од сонце, од туѓи погледи и сл.
Албански: perde
Примери:
бели завеси
Големо платно што ја одделува сцената од салонот со публика во театар.
Албански: perde
Употреба: Сцена
Примери:
Завесата е крената и целата сцена е отворена.
Секој вид преграда од ткаенина обесена над врата и сл.
Албански: perde
Примери:
Црвените сатенски завеси беа долги до подот.
покривка, покривач, преграда
Албански: mbulesë, perde
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дождот лееше од покривот и создаваше сребреста завеса над вратата.

перде повеќе

мн. пердиња
Вид збор: Именка, среден род
завеса
Турски: perde Албански: perde
Употреба: Разговорно
Примери:
Си клале пердиња.