а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завеса

мн. завеси
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2555
1. Покривка за прозорец која служи за заштита од сонце, од туѓи погледи и сл.
Англиски: curtain Албански: perde
Примери:
бели завеси
кратки завеси
2. Големо платно што ја одделува сцената од салонот со публика во театар.
Англиски: curtain Албански: perde
Употреба: Сцена
Примери:
Завесата е крената и целата сцена е отворена.
3. Секој вид преграда од ткаенина обесена над врата и сл.
Англиски: curtain Албански: perde
Примери:
Црвените сатенски завеси беа долги до подот.
4. покривка, покривач, преграда
Англиски: curtain Албански: mbulesë, perde
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дождот лееше од покривот и создаваше сребреста завеса над вратата.
Hа неколку чекори од него висеше непроѕирната завеса на ноќта.
Изрази
Железна завеса - (истор.) затвореност на границите меѓу капиталистичкиот и социјалистичкиот свет по Втората светска војна.
Димна завеса - (воен.) вештачка магла, облаци од вештачки дим, чад како заштита од непријателот.
Изведенки
завесичка ж.
мн. завесички
дем.