decision - онтологија

волја повеќе

(едн.) волјата
Вид збор: Именка, женски род
Одлука, заповед, наредба, дозвола, согласност за нешто.
Албански: vullnet, urdhër
Примери:
Јас ќе ја исполнам вашата волја.

диспозитив повеќе

мн. диспозитиви
Вид збор: Именка, машки род
Дел од решение или пресуда што содржи одлука.
Примери:
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

одлука повеќе

мн. одлуки
Вид збор: Именка, женски род
Краен резултат, заклучок од нешто (договор, средба) со кој се решава некое прашање и се преземаат некои активности.
Албански: vendim
Примери:
тешка одлука

резолуција повеќе

мн. резолуции
Вид збор: Именка, женски род
Решение на одговорно лице во врска со некој службен акт.
Албански: vendim
Примери:
резолуција за наредните задачи

решение повеќе

мн. решенија
Вид збор: Именка, среден род
Избран начин на постапување по обмислување.
Албански: zgjidhje
Примери:
Никако не сакаше да отстапи од своето решение.
писмена одлука
Албански: vendim
Употреба: Административен термин
Примери:
Чекаше да добие судско решение.