документ
мн. документи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1187
1.
Официјално издаден текст со определени податоци што може да послужи како доказ или потврда за нешто.
Примери:
Лични документи.
Патни документи.
Документи за идентификација.
2.
Веродостоен податок, факт што сведочи за нешто, што има историска важност.
Примери:
Нивната поезија е многу интересен документ за македонскиот живот во тоа време.
Програмите по македонски јазик се основни општествени документи.