дезертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Побегне, бега од војска, своеволно напушти, напушта служење на воена обврска, воена позиција, фронт и сл.
Примери:
Тие мислеа дека дезертирам и пукаа по мене.
зачумат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зачуми) Се испусти.
Примери:
Се зачуми селото, останаа само неколку старци.
испустат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испусти) Стане пуст, остане сам.
Примери:
Се испустија селата.
опустат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане пуст, празен.
Примери:
Улиците опустеа и стивнаа.
опустинат
Вид збор: Глагол, свршен
Створи пустина, опустоши.
(се опустини) стане пустина
празнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Напушта нешто, заминува од некаде.
Примери:
Публиката ја празни салата.
продаде
Вид збор: Глагол, свршен
(се продаде) Се предаде, помине на страната на противникот, го погази своето достоинство поради користољубивост.
Примери:
Се продаде за пари.
пустат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пусти) Станува пуст.
Примери:
Се пусти селото, младите си одат в град.