празни
празнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6627
1.
Прави нешто да биде празно.
Примери:
Го празни шишето.
Ја празни торбата.
Спротивно од:
полни (несв.)
2.
Напушта нешто, заминува од некаде.
Англиски:
desert
Албански:
braktis, lë
Публиката ја празни салата.
Жителите го празнат градот.
3.
(се празни) Станува празен.
Примери:
Езерото се празни при големи суши.
Пазарот веќе се празнеше.
4.
(се празни) За електрицитет - намалува електричен полнеж.
Примери:
При невреме, громовите удираа во дабот и се празнеа.
Изведенки
празнење ср.
мн. празнења
глаг. им.
Пример: електрични празнења
мн. празнења
глаг. им.
Пример: електрични празнења