dispute - онтологија

диспут повеќе

мн. диспути
Вид збор: Именка, машки род
Судир на мислења, дискусија, дебата.

објаснение повеќе

мн. објасненија
Вид збор: Именка, среден род
Изјаснување за нешто низ разговор.
Албански: kundërshtim, debat
Примери:
Објасненијата меѓу таткото и синот траеја до доцна во ноќта.

оспори повеќе

оспорат
Вид збор: Глагол, свршен
Прогласи за спорно, не се согласи со нешто, побие веродостојност на нешто.
Примери:
На младиот музичар му го оспоруваа талентот.

распра повеќе

Вид збор: Именка, женски род
расправија

расправа повеќе

мн. расправи
Вид збор: Именка, женски род
Писмено излагање на некое научно прашање; дискусија, научна препирка.
Албански: debat
Употреба: Правда
Примери:
Напише расправа.

расправање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) расправа

расправија повеќе

Види и: расправи (св.)
мн. расправии
Вид збор: Именка, женски род
шумна препирка
Албански: grindje e zëshme
Примери:
Не сакам да дојде до расправии.

расправување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
расправање

спор повеќе

мн. спорови
Вид збор: Именка, машки род
Противставување на различни мислења.
Албански: grindje, konflikt
Примери:
Се јави спор меѓу нив.

спорење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спори, оспорува
Албански: kontestim, mohim

спори повеќе

спорат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води спор, спротивставува свое мислење, се расправа.
Албански: kundërshtoj, polemizoj
Примери:
Спориме по некои прашања од науката.