Правда - категорија

разбојништво повеќе

мн. разбојништва
Вид збор: Именка, среден род
разбојничко дело
Англиски: robbery
Примери:
Го осудија за разбојништво.

разведе повеќе

разведат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскине брак на некого.
Англиски: divorce Албански: divorcoj, çkurorëzoj
Примери:
Гледаше на секој начин да ги разведе младите сопружници.
(се разведе) Раскине брак, се развенча.
Англиски: divorce Албански: divorcoj, çkurorëzoj
Примери:
Се разведовме уште пред две години.

развенча повеќе

развенчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого од брачна врека.
Англиски: divorce Албански: divorcoj
Примери:
Родителите мои тој ги развенчал.
(се развенча) Раскине брачна врска.
Англиски: divorce Албански: divorcoj, çkurorëzoj
Примери:
Многу брзо се развенчавме.

развод повеќе

мн. разводи
Вид збор: Именка, машки род
Разведување на брак.
Англиски: divorce Албански: divorc, ndarje
Примери:
Бараше развод.

разводен повеќе

разводна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на развод.
Англиски: divorce
Примери:
Разводно дело.

раскинлив повеќе

раскинливи
Вид збор: Придавка
Кој може да се раскине.
Англиски: terminable
Примери:
раскинлив договор

распит повеќе

распитот
Вид збор: Именка, машки род
сослушување
Англиски: interrogation
Примери:
на распитот на сведоците

распита повеќе

(се) распитаат
Вид збор: Глагол, свршен
За сведоци, обвинети - постави прашања заради изјаснување на нешто.
Англиски: interrogate Албански: marr në pyetje
Примери:
Сега ќе ги распитаат сведоците.

распитува повеќе

Види и: распита (св.)
(се) распитуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сослушува
Англиски: interrogate Албански: marr në pyetje

распитување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сослушување
Англиски: interrogation Албански: dëgjim, të marunit në pyetje

расправа повеќе

мн. расправи
Вид збор: Именка, женски род
Писмено излагање на некое научно прашање; дискусија, научна препирка.
Англиски: dispute Албански: debat
Примери:
Напише расправа.
Претрес пред суд.
Англиски: hearing
Примери:
судска расправа

рација повеќе

мн. рации
Вид збор: Именка, женски род
Повремена полициска хајка на сомнителни лица.
Англиски: police raid

регрес повеќе

(едн.) регресот
Вид збор: Именка, машки род
надомест, надоместок, надополнување
Англиски: compensation Албански: kompensim
Примери:
Се одобри регрес од 30 проценти за уништените посеви.

регулатива повеќе

(едн.) регулативата
Вид збор: Именка, женски род
Пропишано правило или упатство; правна одредба.
Англиски: regulation
Примери:
Владата мора докрај да разјасни дали тие погодности се во областа на регулативата и можностите.

реинтеграција повеќе

мн. реинтеграции
Вид збор: Именка, женски род
Враќање во првобитна, поранешна состојба; поврат на одземени права, звања или добра; повторно спојување на нешто што било одделено.
Англиски: reintegration
Примери:
реинтеграција на државјанство и на имот

реквизит повеќе

мн. реквизити
Вид збор: Именка, машки род
Во правото - формален елемент во составот на еден документ.
Албански: rekuizitë, element formal

рекетарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Незаконска дејност на организирани групи што изнудуваат пари со уцена на луѓе наводно за заштита на нивните блиски и / или на нивниот имот, деловни простории од криминални дејства, што самите тие ги организираат.
Англиски: blackmailing
Примери:
Тие добија пријави за рекетарство.

рекетира повеќе

рекетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изнудува рекет.
Англиски: blackmail

рекомпензација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
надомест, отштета, одмазда, казна
Англиски: recompensation

реконструкција повеќе

мн. реконструкции
Вид збор: Именка, женски род
Постапка што судските власти ја водат на местото каде што се извршило некое дејство заедно со обвинетиот и со други лица вклучени во предметот, создавајќи претстава за вистинскиот тек на настаните.
Англиски: reconstruction
Примери:
реконструкција на убиството

релаксација повеќе

мн. релаксации
Вид збор: Именка, женски род
Простување или олеснување на казна.

релаксира повеќе

(се) релаксираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ослободи или прости дел од казна.
Англиски: relax

репродуцент повеќе

мн. репродуценти
Вид збор: Именка, машки род
Подносител на противдоказ.
Албански: reprducent

реституира повеќе

реституираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно воспостави, воспоставува право на сопственост врз бесправно присвоен имот.
Англиски: restitute

реституција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Воспоставување на поранешната состојба, на поранешните права.
Англиски: restitution
Примери:
комисија за реституција

ретроактивен повеќе

ретроактивни
Вид збор: Придавка
Што дејствува наназад, што има повратна сила.
Англиски: retroactive
Примери:
ретроактивно дејство на законот

рехабилитација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Воспоставување на поранешните права.
Англиски: rehabilitation Албански: rehabilitim
Примери:
Полна рехабилитација.

рецес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Спогодба со која се регулира плаќањето на заостанат долг; со која се врши порамнување.

рецесија повеќе

мн. рецесии
Вид збор: Именка, женски род
Спогодба за враќање, израмнување.
Англиски: settlement Албански: recesion
Примери:
Рецесија на барањата.

рецидив повеќе

мн. рецидиви
Вид збор: Именка, машки род
Во правото - повторно извршување на престап од лице казнето за ист или сличен престап.
Англиски: recurrence Албански: recidiv

рецидивизам повеќе

(едн.) рецидивизмот
Вид збор: Именка, машки род
Повторување на престапи.
Англиски: recidivism Албански: recidivizëm

рецидивист повеќе

мн. рецидивисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што повторно извршило некој престап.
Англиски: recidivist

робија повеќе

мн. робии
Вид збор: Именка, женски род
Лишување од слобода.
Англиски: prison Албански: burgos
Примери:
Го осудија на робија.

робијаш повеќе

мн. робијаши
Вид збор: Именка, машки род
Кој е осуден на робија.
Англиски: prisoner
Примери:
Избегаа робијашите.

робијашница повеќе

робијашницата
Вид збор: Именка, женски род
казнен завод
Англиски: prison
Примери:
Во сремската робијашница.

романист повеќе

мн. романисти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по римско право.
Англиски: lawyer Албански: jurist romanist

рочиште повеќе

мн. рочишта
Вид збор: Именка, среден род
судски претрес, судска расправа
Англиски: hearing
Примери:
На рочиштето исказ даде главниот сведок.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш