drag - онтологија

влече повеќе

влечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Носи со себе ваму, таму.
Албански: zvarris
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го влече детено сегде со себе.
Тешко, отежнато се движи.
Албански: zvarritem
Примери:
Тој ја влече десната нога.
(се влече) Тешко, споро се движи, ползи, лази.
Албански: zvarritem
Примери:
Ранетиот се влечеше.

влечка повеќе

влечкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината.
Албански: zvarrit
Примери:
Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата.
Тешко, споро се движи.
Албански: zvarrit
Примери:
Тој ја влечка ногата.
Носи, тешко движејќи се.
Албански: zvarrit
Примери:
Болничарите ги влечкаа ранетите настрана.
Носи со својот тек.
Албански: zvarrit
Примери:
Дотечените реки влечкаа дрвја и камење.
одолжува
Албански: vonoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој секогаш ги влечка работите.
(се влечка) Тешко, бавно се движи, оди или лази.
Албански: ngadalë
Примери:
Сакатиот се влечкаше на левиот колк и десната рака.
(се влечка) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Албански: ngadalë
Примери:
Панталоните му се влечкаа по тревата.
(се влечка) Бавно ги врши работите.
Албански: ngadalë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа цел ден се влечка и ручекот пак не е готов навреме.

вовлече повеќе

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе, втера некого некаде со влечење.
Албански: tërheq
Примери:
Жената ме вовлече во куќата.

довлече повеќе

довлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Со влечење донесе, премести нешто до определено место.
Албански: tërheq
Примери:
Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив.

довлечка повеќе

Види и: довлече (св.)
довлечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
довлече
Употреба: Деминутив

доизвлече повеќе

Види и: извлече (св.)
доизвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Извлече сосема, до крај.
Примери:
Војниците го доизвлекоа чамецот на брегот.

дотрга повеќе

дотргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Довлече, довлечка некого или нешто.
Албански: zvarrit
Примери:
Од некаде дотрга еден товар жито.

завлече повеќе

завлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(за човек) Однесе насила, влечејќи.
Албански: tërheq
Примери:
Војниците го завлекоа старецот кон ѕидот.

завлечка повеќе

Види и: влечка (несв.)
завлечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да влечка, да носи некого влечејќи.
Албански: tërheq
Примери:
Го зедов ранетиот другар и го завлечкав кон засолништето.
(се завлечка) Почне да се влечка со мака.
Албански: zvarrit
Примери:
Се завлечка кон нив, мрморејќи си нешто.

извлечка повеќе

Види и: влечка (несв.)
извлечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вади од некаде со влечење, носи со тешкотија.
Албански: zvarrit, tërheq
(се извлечка) Излезе од негде со влечкање, дојде негде со влечкање.
Албански: zvarrit, tërheq

клати повеќе

клатат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се клати) Cе движи нишајќи се, се гега; се движи бавно, се влече.
Албански: zvarritet, ec zhag
Примери:
Старецот полека се клатеше по патот.

молкне повеќе

молкнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Влече, трга нешто.
Албански: tërheq
Примери:
Го молкнеше за ракавот.
одолговлекува
Албански: zvarrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Работата ја молкнеше цел месец.

навлече повеќе

навлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Надонесе многу со влечење или на друг начин.
Албански: mbledh, tërheq
Примери:
Навлековме гранки и запаливме голем оган.

надовлече повеќе

надовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Довлече многу нешто, во големо количество.
Примери:
Надовлекоа гранки, дрва и запалија голем оган.

надонесе повеќе

Види и: донесе (св.)
надонесат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе многу, во големо количество.

одвлече повеќе

одвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Со влечење однесе нешто некаде, до определено место.
Албански: tërheq
Примери:
Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата.
Одведе, однесе некого со сила, влечејќи.
Албански: tërheq
Примери:
Го фати детето за уво и го одвлече надвор.
(се одвлече) Одвај отиде, замине со влечење.
Албански: tërheq
Примери:
Одвај се одвлеков до постела.

одолговлечи повеќе

одолговлечат
Вид збор: Глагол, свршен
одолжи

повлече повеќе

повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Однесе, завлече со себе.
Албански: dërgoj
Примери:
Толпата ги повлече и нив.

подзавлече повеќе

Види и: завлече (св.)
подзавлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Со сила завлече нешто во одредена мера, донекаде.
Албански: zvarrit
Примери:
Водата ги подзавлекла паднатите дрва.
Незабележително, во мала мера завлече при одење.
Албански: zvarrit
Примери:
Тој ја подзавлече ногата по операцијата на стапалото.
(се подзавлече) Се оддолжи малку, извесно време.
Албански: zvarritet
Примери:
Се подзавлече работата околу свадбата.

подзавлечка повеќе

подзавлечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со влечење малку завлечка, во извесна мера, донекаде.
Албански: tërhek, zvarrit
Примери:
Го подзавлечка ранетиот настрана.
(се подзавлечка) Се влечка по малку, донекаде.
Албански: zvarritet ngadal
Примери:
Се подзавлечка накај креветот, ама падна ничкум.

подизвлече повеќе

подизвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Извлече малку, до некоја мера.
Примери:
Го подизвлече малку, да не лежи до водата.

позавлече повеќе

Види и: завлече (св.)
позавлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Завлече малку повеќе.
Албански: zvarrit, tërheq
(се позавлече) Се завлече малку повеќе.
Албански: zvarris

понесе повеќе

понесат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода, ветар - повлече, однесе со себе некого, нешто со силата на движење.
Албански: mbart, tërheq
Примери:
Ветрот ненадејно го понесе детското летало.

попривлече повеќе

Види и: привлече (св.)
попривлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попривлече) се довлече
Употреба: Ретко

поразвлече повеќе

поразвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддолжи, завлече малку, во мала мера.
Албански: zgjas pak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја поразвлече работата.
(се поразвлече) Се развлече малку, во некоја мера.
Албански: zgjatet pak
Примери:
Состанокот се поразвлече.

свлечка повеќе

свлечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да влече; симне со влечење нешто или некого од високо.
Примери:
Го свлечка за нозе.

свлечкува повеќе

Види и: свлечка (св.)
свлечкуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
свлечка

тегави повеќе

тегават
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тегави) Се влече, мрзоволен.
Албански: tërheq
Примери:
Ајде, поживо малку, немој да се тегавиш.

тегне повеќе

тегнат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тегне) Се влече, тешко или оди немарно.
Албански: zvarrit
Примери:
Што туку се тегнеш, побрзај малку, зашто ќе задоцниме.