привлече
привлечат; привлечи, привлечете; привлеков, привлекоа; привлекол, привлекла, привлекле; (ќе) привлечев, (ќе) привлечеа; (ќе) привлечел; привлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2479
1.
Привлече кон себе.
Примери:
Ја привлече кон себе и ја бакна.
Магнетот ги привлече металните делови.
Молекулите на водородот ги привлекоа водородните атоми.
Слично со:
доближи (св.)
2.
Предизвика интерес, љубопитство и сл.
Примери:
Саемот на книги привлече многу посетители.
Убавините на Македонија ќе привлечат голем број туристи.
Го привлече миризбата од колачињата.
Слично со:
заинтересира (св.)
3.
Предизвика внимание.
Примери:
Тој напис го привлече вниманието на стручната јавност.
Неговиот говор го привлече вниманието на присутните.
4.
Предизвика симпатии кај некого.
Англиски:
attract
Албански:
tërheq, josh
Таа го привлече со нејзината убавина уште од студентски денови.
Тој ја привлече девојката од соседството со доброто однесување.
5.
(се привлече) Се доближи до нешто.
Примери:
Некој се привлече зад оградата.
Слично со:
доближи (св.)
6.
(се привлече) Се доближи еден со друг.
Примери:
Наелектризираните честички силно се привлекоа.
7.
(се привлече) Почувствува меѓусебна привлечност, симпатија.
Англиски:
attract
Албански:
tërheq, josh
Тие се привлекле.
Изведенки
1.
привлечува несв.
(се) привлечуваат
(се) привлечуваат
2.
привлечување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
привлекува несв.
(се) привлекуваат
(се) привлекуваат
4.
привлекување ср.
привлекувањето
глаг. им.
привлекувањето
глаг. им.