водат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера, спроведува некого под принуда.
Примери:
Го водат в затвор.
возат
Вид збор: Глагол, несвршен
Управува некое превозно средство.
Примери:
Јас го возев големиот камион.
Оди, се движи, сообраќа (за возило).
Примери:
Автомобилите возеа со голема брзина.
довезат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе, доведе некого или нешто со помош на превозно средство.
Примери:
По вечерата тој ја довезе дома со својот автомобил.
(се довезе) Допатува, пристигне некаде со помош на превозно средство.
Примери:
Тој не пречека на врата кога утрото се довезовме со такси пред неговата куќа.
довозат
Вид збор: Глагол, свршен
Извози до крај; заврши со возењето.
Примери:
Возачот на формула го довози последниот круг.
дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно - доведе со терање да стигне на некое место.
Примери:
Ги дотера говедата во шталата.
За човек - принуди некого со терање да дојде, да стигне на некое место.
Примери:
Ги дотераа селаните на сретсело.
заберат
Вид збор: Глагол, свршен
За добиток - потера да оди некаде.
Примери:
Отиде да ги забере коњите, да ја спрегне чезата.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вози.
Примери:
Го завози автомобилот иако немаше дозвола.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тера, да гони.
Примери:
Овчарот ги затера овците на пасење.
извозат
Вид збор: Глагол, свршен
Вози до крај, целосно.
Албански:
udhëtoj, vozis deri në fund
Примери:
Ги извозивме децата на малото вовче.
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера во голем број добиток.
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнавози) Се навози доволно (со превозно средство).
Примери:
Се изнавозивме со овој стар автобус, цел ден.
истераат
Вид збор: Глагол, свршен
Извади добиток на пасење.
Примери:
Уште не беше разденето, а тој ги истера говедата на пасиште.
Избрка некого од некаде.
Примери:
Го истераа од училиште.
навозат
Вид збор: Глагол, свршен
Надонесе многу нешто со возење.
Албански:
sjell me vozitje
Примери:
Навози дрва за цела зима.
надотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера многу, во голем број.
Албански:
sjell shumë, bie
Примери:
Надотераа секаков добиток за продавање
Дотера многу, нагизди многу некого.
Примери:
Ја надотера ќерка си да не можеш да ја познаеш.
одвезат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе, однесе некого или нешто со возење.
Примери:
Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил.
(се одвезе) Замине, отпатува со возило.
Примери:
Седнаа во колата и се одвезоа до соседниот град.
Вид збор: Глагол, свршен
Истера добиток на пасење.
Примери:
Ги отера говедата на пасење.
отфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Префрли со превозно средство.
Примери:
Тој ја отфрли мајка му со автомобилот до болница.
повозат
Вид збор: Глагол, свршен
Вози некого маку, кратко време.
Примери:
Ќе ги повозам децата, па ќе ги вратам.
(се повози) Помине некое време возејќи се.
мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
Сила што движи нешто.
Примери:
електричен погон
потераат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гони некого или нешто.
Примери:
Со прачката го потера коњот.
Тера малку, кратко време.
Примери:
Потераа малку лутина, па се смирија.
Вид збор: Глагол, свршен
Вози малку, помине краток пат возејќи.
Примери:
Детето го украло скутерот само за да го провози.
(се провози) Се вози малку, помине краток пат возејќи се.
Примери:
Се провози со велосипед.
тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
За добиток и превозно средство со спрегнат добиток.
Примери:
Ела, ти терај ги воловиве, а мене дај ми ги коњите.
Води некого пред себе, присилувајќи го да оди напред.
Примери:
Вчера ги тераа затворениците на работа.
шофираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Тера, управува автомобил.