одвезе
одвезат; одвези, одвезете; одвезов, одвезоа; одвезол; (ќе) одвезев, (ќе) одвезеа; (ќе) одвезел; одвезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10248
1.
Пренесе, однесе некого или нешто со возење.
Англиски:
drive
Албански:
transportoj
Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил.
Селаните го одвезоа добитокот со камиони на пазар во градот.
Сеното го качија на приколката и го одвезоа до колибата.
2.
(се одвезе) Замине, отпатува со возило.
Англиски:
drive
Албански:
çoj, dërgoj
Седнаа во колата и се одвезоа до соседниот град.
Со чамецот се одвезе до другиот крај на езерото.
3.
Отпара нешто навезено, развезе.
Албански:
shqep
Таа ја одвезе шарата од едната страна на чаршафот.
Изведенки
1.
одвезува несв.
(се) одвезуваат
(се) одвезуваат
2.
одвезување ср.
глаг. им.
глаг. им.