element - онтологија

елемент повеќе

мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови.
Албански: element
Употреба: Хемија
Примери:
хемиски елементи
Човек или група што се издвојува по сопствениот ентитет од определена средина.
Албански: element
Примери:
Словенско-македонскиот елемент населен во областа на Голо Брдо едно време претставувал мнозинство во вкупното население.
Човек што се издвојува од средината по размислувањето, по постапките и по однесувањето.
Албански: element
Употреба: Преносно значење
Примери:
антидржавен елемент

состојка повеќе

мн. состојки
Вид збор: Именка, женски род
елемент
Примери:
главни состојки на воздухот

стихија повеќе

мн. стихии
Вид збор: Именка, женски род
Кај старогрчките филозофи - основен елемент на природата: оган, вода, воздух, земја.
Албански: element
Употреба: Филозофија
Природна појава што се одликува со голема сила.
Албански: stuhi, shtërngat
Примери:
Водната стихија носеше сѐ пред себе.

член повеќе

мн. членови
Вид збор: Именка, машки род
Член на прогресија, сразмер, бином, трином итн.
Албански: element
Употреба: Математика