а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

член

мн. членови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 307
1. Одделно лице од определена заедница; лице што влегува во составот на организација или колективно тело.
Англиски: member Албански: anëtar
Примери:
Нашето семејство се состои од три члена.
член на партијата
Член на едно друштво, здружение и сл.
Член на управниот одбор, на работничкиот совет, на комисија итн.
(дописен) член на академија
2. Како дел од човечкото тело со определена функција - обично во множина.
Англиски: limbs Албански: gjymtyrët
Употреба: Анатомија
Примери:
Тој изгледаше јак, и покрај своите ситни членови.
3. Дел помеѓу два зглоба, состава во телото на живи суштества и кај растенијата.
Англиски: joint Албански: i përbashkët
Употреба: Биологија
4. Дел од текст на закон, договори и сл. кој има своја нумерација.
Англиски: paragraph Албански: paragraf
Примери:
Нашиот правилник се состои од 12 члена.
5. Член на прогресија, сразмер, бином, трином итн.
Англиски: element Албански: element
Употреба: Математика
6. Завршок или партикула со која се означува определеноста или неопределеноста на именуваните предмети.
Англиски: article Албански: artikull
Употреба: Граматика
Примери:
Определен и неопределен член.