empty - онтологија

бош повеќе

Вид збор: Придавка
празен, несодржаен, јалов
Турски: boş
Употреба: Неменлив збор , Разговорно
Примери:
бош муабет

глув повеќе

глуви
Вид збор: Придавка
Што е тивок, пуст, празен.
Примери:
глува вечер

доиспразни повеќе

Види и: испразни (св.)
доиспразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испразни нешто до крај.
Примери:
Ја доиспразни чашата со вино.

допразни повеќе

Види и: празни (несв.)
допразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испразни нешто до крај.
Примери:
Го допразнивме бурето со вино.

издига повеќе

Види и: дига (несв.)
издигаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Искупи, искупува се, до крај.
Албански: zbraz
Употреба: Преносно значење
Примери:
По веста за поскапувањето, издигале сè од дуќаните.

испразнет повеќе

Види и: испразни (св.)
испразнети
Вид збор: Придавка
Што станал празен.
Примери:
испразнета каса

испразни повеќе

испразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде празно, извади сѐ од некаде, истури сѐ до крај.
Албански: zbraz
Примери:
Го испразни шишето.

исуши повеќе

Види и: суши (несв.)
исушат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие, испразни до капка.
Албански: zbraz
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Си го исушил шишето.

јадец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
празно, шупливо, безвредно
Албански: zbrazët, bosh
Употреба: Преносно значење

ненаместен повеќе

ненаместениот
Вид збор: Придавка
Што нема мебел, опрема.
Примери:
ненаместена соба, ненаместен стан

отпразни повеќе

отпразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оттури, испразни дел од некоја количина сместена во нешто.
Примери:
Отпразни од шишето.

плиска повеќе

плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исфрла вода од чун, сад и др.
Албански: hedh
Примери:
Јас дури веслам, ти плискај ја водата од чунов.

подиспразни повеќе

Види и: испразни (св.)
подиспразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испразни, отпразни малку.
Албански: zbraz
Примери:
Подиспразни од шишето, преполно е.
(се подиспразни) Се испразни малку, донекаде.
Албански: zbrazet pak
Примери:
Бочвата со вино се подиспразнила.

поиспразни повеќе

Види и: испразни (св.)
поиспразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испразни малку, донекаде или уште малку.
Албански: zbraz
Примери:
Гостите ги поиспразнија чашите.
(се поиспразни) се испразни
Албански: zbraz
Примери:
Дворот се поиспразни.

празен повеќе

празни
Вид збор: Придавка
Што не е исполнет, наполнет со нешто.
Албански: bosh, i zbrazët
Примери:
празен амбар
Непополнет, што е без текст.
Албански: bosh, i zbrazët
Примери:
празен лист
Ненатоварен со нешто, што е без товар.
Албански: i pangarkuar
Примери:
празен камион

празни повеќе

празнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде празно.
Албански: zbrazë
Примери:
Го празни шишето.
(се празни) Станува празен.
Албански: zbrazet
Примери:
Езерото се празни при големи суши.

празно повеќе

Вид збор: Прилог
За празен простор без луѓе или предмети, во кој нема никој или ништо.
Примери:
Во дворот беше празно.

пуст повеќе

пусти
Вид збор: Придавка
Опустошен, разрушен, искраден од непријател, разбојници.
Албански: i shkretë
Примери:
Зад нив сè е пусто.

пусто повеќе

Вид збор: Прилог
На пуст начин, како во пустелија.
Примери:
Пусто остана полето.

сопразни повеќе

(се) сопразнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) испразни
Употреба: Дијалектен збор

сопразнува повеќе

Види и: сопразни (св.)
(се) сопразнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) испразнува
Употреба: Дијалектен збор

шуплив повеќе

шуплива
Вид збор: Придавка
Празен, што е без содржина.
Примери:
шуплива (празна) глава