except - онтологија

единствено повеќе

Вид збор: Сврзник
само што, освен што
Албански: vetëm që
Примери:
Сите предмети во станот се убаво наредени, единствено масичето јас би го ставила до прозорецот.

освен повеќе

Вид збор: Сврзник
Како исклучен, ексклузивен, обично делот пред сврзникот е негиран, потоа следува информација за спротивност по исклучок; самостојно, при поврзување на дел што е спротивен од претходниот.
Примери:
Ова не е ништо друго, освен тивко умирање на совеста.
Во состав со други сврзници за да се претстави нешто што е поинакво или спротивно по исклучок: освен ако, освен да, освен кога, освен што.
Примери:
Тие не можат да победат, освен ако се случи чудо.
Во состави со предлози: освен во, освен да, освен за, освен на и сл.
Примери:
Тие работат секој ден, освен во недела.

осем повеќе

Вид збор: Сврзник
освен
Употреба: Разговорно

сем повеќе

Вид збор: Сврзник
освен