feature - онтологија

карактеристика повеќе

мн. карактеристики
Вид збор: Именка, женски род
Суштествено својство, главна, суштинска црта, особина на некое лице, предмет, појава и сл.
Албански: karakteristikë
Примери:
Третосложниот акцентен систем е една од битните карактеристики на нашиот литературен јазик.

колорит повеќе

(едн. ) колоритот
Вид збор: Именка, машки род
Збир на надворешни обележја на некое уметничко дело, на еден крај, на некоја епоха итн.
Албански: kolorit
Употреба: Преносно значење
Примери:
политички колорит

лик повеќе

мн. ликови
Вид збор: Именка, машки род
Надворешен изглед на човек или животно, на цела фигура.
Албански: fytyrë, pamje
Примери:
Неговиот подгрбавен лик полека одминуваше.

назнака повеќе

мн. назнаки
Вид збор: Именка, женски род
Обележје, својство со кое се карактеризира нешто.
Примери:
Треба да се обрне внимание и на некои други назнаки што ги дава неговото творештво.

одличие повеќе

мн. одличија
Вид збор: Именка, среден род
особина, одлика
Албански: tipar, veçori
Употреба: Архаизам
Примери:
Таквото одличие го прави еден од водечките автори на неговата генерација.

омјаз повеќе

мн. омјази
Вид збор: Именка, машки род
лице, изглед на лицето
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Молневито го улови неговиот омјаз во ретровизорот.

особеност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
обележје, карактеристика
Албански: tipar, veçori
Примери:
карактерна особеност

особина повеќе

мн. особини
Вид збор: Именка, женски род
Карактеристично својство на некого или на нешто, својство.
Примери:
Карактерна особина.

оцрт повеќе

мн. оцрти
Вид збор: Именка, машки род
Надворешен изглед; опис во главните црти, во суштествените одлики.
Примери:
Иако ја познавав долго, не би можел ниту оцртот да и го нацртам.

посебност повеќе

Види и: посебен (прид.)
мн. посебности
Вид збор: Именка, женски род
Одлика на тој или тоа што е посебно.

природа повеќе

(едн.) природата
Вид збор: Именка, женски род
Вродени својства на личноста.
Албански: natyrë
Примери:
блага природа

решка повеќе

мн. решки
Вид збор: Именка, женски род
црта, рецка
Албански: vijë
Примери:
Имаат некои решки блиски со нашите.

тип повеќе

мн. типови
Вид збор: Именка, машки род
Лик во литературно дело.
Албански: personazh
Примери:
Тип на скржавец.

црта повеќе

мн. црти
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) надворешни белези
Албански: tipar
Примери:
Имаше правилни црти на лицето.