а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лик

мн. ликови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 619
1. Лице (анатомски), изглед на лице, образ.
Англиски: appearance Албански: pamje, fytyrë
Примери:
Многу ми е познат тој лик, ме потсетува на некого.
Таа имаше девојчински лик.
2. Надворешен изглед на човек или животно, на цела фигура.
Англиски: feature Албански: fytyrë, pamje
Примери:
Неговиот подгрбавен лик полека одминуваше.
3. Карактер, збир од својства што ја карактеризираат една личност во реалниот живот.
Англиски: character Албански: karakter
Примери:
Ведар лик.
Моралниот лик на секој поединец.
Несмасен лик.
Во разговорот го покажа својот вистински лик.
4. Носител на улога во сценско дело.
Англиски: role Албански: rol, personazh
Примери:
Епизоден лик.
Ликот на Антон го игра Ричард Бартон.
5. Во уметноста, лице, јунак во уметничко дело.
Англиски: personality Албански: personazh
Примери:
Позитивни ликови.
Лик на комита.
6. Слика, цртеж, фигура, портрет на човек.
Англиски: portrait Албански: figurë, portret
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
На ѕидовите беа закачени само славни историски ликови.
Лик од бронза.
Издлабен лик во камен.
7. Облик на шара, орнамент, на монета и сл.
Англиски: look Албански: pamje
Употреба: Граматика
Примери:
Златник со ликот на Гоце Делчев.
8. Дводимензионален или тродимензионален приказ на геометриски елементи.
Англиски: rendering Албански: paraqitje, pasqyrim
9. Облик што го добива некој збор во јазичниот систем.
Англиски: form Албански: figurë, formë
Примери:
Несвршен видски лик.
Името не е регистрирано во тој лик.
Дублетни ликови.