find - онтологија

завари повеќе

заварат
Вид збор: Глагол, свршен
затече, најде, сретне
Албански: takoj
Примери:
Еден ден го заварив пред вратата.

заварува повеќе

Види и: грбави (несв.)
заваруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
затекнува
Албански: kërkon

затекне повеќе

Види и: затече (св.)
затекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде во одредена состојба или место.
Примери:
Полицијата затекна многу пијани возачи.

затече повеќе

затечат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде некого или нешто на некое место, во некаква положба или состојба.
Албански: gjej
Примери:
Дождот не затече на нива.
(се затече) Се најде негде во време кога нешто почнува да станува, да се случува.
Албански: gjej
Примери:
Се затекол на местото на несреќата.

избара повеќе

избараат
Вид збор: Глагол, свршен
Со упорно барање најде, пронајде.
Примери:
Избарал една стара книга.

изнајде повеќе

изнајдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнајде) Се најде со некого по многу години, по барање и сл.
Албански: gjej
Примери:
Се изнајдовме дека сме роднини.

набара повеќе

набараат
Вид збор: Глагол, свршен
Напипа, со пипање најде нешто.
Албански: prek, zë
Примери:
Во визбата потамина набара стари чевли.

најде повеќе

најдат
Вид збор: Глагол, свршен
Барајќи, дојде повторно до нешто загубено, или случајно открие нешто.
Албански: gjej
Примери:
По два дена си ги најде клучевите во дворот.
Пронајде, установи, заклучи нешто во резултат на барање, разгледување, истражување, проучување, размислување и сл.
Албански: gjej
Примери:
најде работа, најде сили
Сретне, затече (при посета) некого, нешто.
Албански: takon
Примери:
Кога да дојдеш, дома ќе ме најдеш.
набави, обезбеди, снабди
Албански: furnizon
Примери:
Кога ќе најдам пари, ќе ги платам сметките.
процени, просуди, заклучи
Албански: vlerësoj
Примери:
Ако најде судот дека така е подобро, да ја прекинеме расправата.
избере
Албански: zgjedh
Примери:
Останал неженет зашто не можел да најде мома спрема себе.
Во изрази на негодување, неодобрување.
Албански: gjej
Примери:
Си нашол со кого да одиш.

најдува повеќе

Види и: наоѓа (несв.)
(се) најдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
наоѓа

намери повеќе

намерат
Вид збор: Глагол, свршен
најде, затече
Албански: gjej, has
Примери:
Кај те најде, кај те намери баш тебе.

наоѓа повеќе

наоѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Барајќи наоѓа.
Албански: gjej
Примери:
Што си бара, тоа си го наоѓа.

напипа повеќе

напипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде, пронајде нешто со пипање.
Албански: gjej duke prek
Примери:
Полека ја напипа вратата во темницата и ја отвори.

сретне повеќе

сретнат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) се најде, се случи, суштествува
Албански: has, gjej
Примери:
Таков човек ретко може да се сретне.