а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намери

намерат; намерил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24256
1. Нанишани, земе на нишан.
Англиски: aim Албански: shënoj, marr në shënjestër
Примери:
Намери право во центарот на целта.
2. насочи, наврти
Англиски: point Албански: drejtoj
Примери:
Ја намери пушката во туѓинецот.
3. најде, затече
Англиски: find Албански: gjej, has
Примери:
Кај те најде, кај те намери баш тебе.
4. (се намери) Се затече, се најде, случајно наиде на нешто.
Англиски: meet Албански: takoj, ndesh
Примери:
Со божја помош, може ќе се намерам на добри луѓе.
Добро што се намерив на тебе.
Кој знае од каде се намерил таму.
Во животот не знаеш што те чека, на што ќе се намериш.
Изрази
Од кај го (те, ја, и др.) намери ѓаволот! - несакана средба со некого, со нешто.
Изведенки
1. намерува несв.
намеруваат
2. намерување ср.
глаг. им.