белосветскиот
Вид збор: Придавка
Што е од далеку, од туѓа земја, туѓ.
Примери:
Од стариот касетофон се слушаа македонски и белосветски песни.
надворешни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на странство.
Примери:
Министерството за надворешни работи
туѓи
Вид збор: Придавка
Што не е свој, а му припаѓа на друг.
Примери:
По туѓ грб не боли.
Што не е од куќата, од фамилијата, од местото, од средината, од земјата.
Примери:
Јас не сакам туѓ човек да гледам во својата куќа.
туѓинскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на туѓина и туѓинци.
Примери:
туѓински обичаи