домашен
домашни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1232
1.
Што се однесува на домот, на семејството.
Примери:
домашна адреса
домашно воспитување
домашен лекар
домашна послуга
домашни помошнички
Слично со:
семеен (прид.)
2.
Што се носи, се употребува само дома.
Примери:
Беше облечена во домашниот износен фустан.
Се појави на балконот во домашна наметка.
Беа облечени во стари домашни алишта.
Слично со:
куќен (прид.)
3.
Што е направен, изработен дома (а не во фабрика или на друго место).
Примери:
домашна ракија
домашно производство
домашно платно
домашна задача
4.
Што се однесува на местото во кое се живее, на сопствената земја, на татковината.
Примери:
домашни производи
домашна кујна
домашна публика
домашни писатели
5.
Што живее со човекот, што е питом, што се одгледува.
Примери:
домашна пајка
домашна пчела
домашни птици
домашни животни
домашна лоза
Слично со:
питом (прид.)
Изрази
Домашниот есап на пазар не излегува - планирањето на некоја работа не зависи само од нас.