function - онтологија

профункционира повеќе

профункционираат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да функционира.
Примери:
Притоа, важно е да профункционираат и повеќе лиценцирани откупувачи и центри за рециклирање на отпад.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
За машини, механизми, инсталации - се наоѓа во дејство; за претпријатијата, установи - се наоѓа во дејство, отворен е за посетители; дејствува на овој или оној начин; за органи на телото - ја исполнува својата задача.
Албански: funksion
Примери:
Сите мотори работеа добро.
Прави зделки, економски функционира.
Употреба: Економија
Примери:
Претпријатието сега работи добро.

функција повеќе

мн. функции
Вид збор: Именка, женски род
задача, должност, улога, положба
Албански: funksion
Примери:
Врши функција.
Во биологијата - работата на органите, на организмот.
Албански: funksion
Употреба: Биологија
Примери:
Функцијата на срцето.
Зависно-променлива големина што се менува според измените на друга големина.
Албански: funksion
Употреба: Математика
Примери:
Енергијата е функција на масата.

функционира повеќе

функционираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши определена функција, дејствува, работи.
Албански: funksionon
Примери:
Машината функционира добро.