Математика - категорија

факториел повеќе

мн. факториели
Вид збор: Именка, машки род
Позитивен, цел број означен со „n!“ чии членови го сочинуваат помножениот природен редослед на броеви од n до 1.
Англиски: factorial
Примери:
Факториел 4 = 4! = 4 x 3 x 2 x 1 = 24

фигура повеќе

мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
Во геометријата - дел од површина.
Англиски: figure Албански: figurë
Примери:
геометриска фигура

фрактал повеќе

мн. фрактали
Вид збор: Именка, машки род
Математичко множество со структури што личат на самите себе.
Англиски: fractal

функција повеќе

мн. функции
Вид збор: Именка, женски род
Зависно-променлива големина што се менува според измените на друга големина.
Англиски: function Албански: funksion
Примери:
Енергијата е функција на масата.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш