gate - онтологија

капија повеќе

мн. капии
Вид збор: Именка, женски род
Влезна, обично голема врата, порта на градски бедеми или некаков објект.
Турски: kapı Албански: kapi, portë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
На капијата имаше стражар.
Влез, тесен премин меѓу стрмни карпи.
Албански: kapi, kalesë
Употреба: Географија
Примери:
Демир Капија.
Стратешки важно место за понатамошно напредување.
Албански: kalesë
Употреба: Воен термин

порта повеќе

мн. порти
Вид збор: Именка, женски род
Влезна, обично голема врата на градски бедем или на некаков поголем објект.
Албански: portë, hyrje
Примери:
На другата страна од улицата беше широка порта на тутунската фабрика.