а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

влез

мн. влезови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1477
1. Место низ кое се влегува во некој објект, или во заграден простор.
Англиски: entrance Албански: hyrje
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
На влезот имаше натпис со името на фирмата.
Пред главниот влез имаше стража.
2. Влегување, при влегување.
Англиски: entrance Албански: hyrje
Примери:
На граничниот премин за влез се чека по половина час.
Забранет влез.
3. Термин со кој се означува приемот на стока, пари во некоја книга, место каде што тоа се бележи.
Англиски: arrival Албански: arritje
Употреба: Економија