guard - онтологија

бдее повеќе

бдеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимава, чува, се грижи за некого, за нешто.
Албански: bëj rojë
Примери:
Бабицата бдееше со неа и ја тераше да легне.

вардач повеќе

мн. вардачи
Вид збор: Именка, машки род
чувар, стражар
Примери:
Биди верен вардач на сиот народ.

варди повеќе

вардат
Вид збор: Глагол, несвршен
внимава, демне, следи
Албански: vëzhgon
Примери:
Ќе треба овде да останеме и да вардиме на народот.
чува
Албански: ruan
Примери:
Момците вардеа стража.

варка повеќе

Види и: варди (несв.)
варкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимава на нешто.
Употреба: Архаизам
(се варка) се чува
Употреба: Архаизам

гаваз повеќе

мн. гавази
Вид збор: Именка, машки род
Личен чувар на лице на висока позиција или дипломат.
Турски: kavas Албански: truproje
Употреба: Архаизам
Примери:
Дојде бегот со двајца гавази за да го заплашува народот.
стражар, чувар
Албански: rojë, mbrojtës
Употреба: Архаизам
Примери:
Гавазите стоеја пред кафеаната.

гард повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Одбранбена положба во одредени спортови.
Употреба: Спорт
Примери:
Боксерот зазеде цврст гард.

доварди повеќе

довардат
Вид збор: Глагол, свршен
дочува, зачува
Албански: ruaj deri në fund
Примери:
А, леба ми, тројца ергени ќе можат една сестра да довардат.

застражари повеќе

застражарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да стражари.
Примери:
Тој застражари пред куќата.

изварди повеќе

Види и: варди (несв.)
извардат
Вид збор: Глагол, свршен
Доварди до крај, исчува целосно.
Примери:
Ќе изварди и ќе ми се прикаже: и јас сум Македонец.

пандур повеќе

мн. пандури
Вид збор: Именка, машки род
вооружен полициски чувар
Албански: pandur
Употреба: Архаизам
Примери:
општински пандур

пастри повеќе

пастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пастри) се чува, се варди
Албански: ruhem, mbrohem
Употреба: Архаизам

подзаварди повеќе

подзавардат
Вид збор: Глагол, свршен
Заварди, зачува донекаде, за кратко време.

попази повеќе

Види и: пази (несв.)
попазат
Вид збор: Глагол, свршен
Причува малку, кратко време.
Примери:
Таа мораше да ги попази децата во дворот.

пробдее повеќе

Види и: бдее (несв.)
пробдеат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време буден.
Примери:
Ја пробдеа ноќта над постелата на болното дете.

редар повеќе

мн. редари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што чува ред на некој собир, приредба и сл.
Албански: kujdestar, rojtar

стража повеќе

мн. стражи
Вид збор: Именка, женски род
Поставивме стража пред зградата.
Примери:
(разг.) Под стража.

стражар повеќе

мн. стражари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што чува стража.
Албански: rojë
Употреба: Воен термин
Примери:
Влеговме во кулата пред која немаше стражар.
чувар, заштитник
Албански: rojë, mbrojtës
Употреба: Книжевен збор
Примери:
стражар на мирот

стражари повеќе

стражарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши стражарска служба.
Албански: mbroj, ruaj
Употреба: Воен термин
чува, варди, пази
Албански: ruaj

чауш повеќе

мн. чауши
Вид збор: Именка, машки род
Вооружен турски чувар, стражар.
Албански: rrojtar
Употреба: Архаизам

чува повеќе

чуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Варди, пази нешто, не иставајќи се од него.
Албански: ruaj
Примери:
Ние ќе одиме, а ти ќе останеш да ја чуваш куќата.
Варди некој да не побегне, да не направи нешто лошо и сл.
Албански: ruaj
Примери:
Чува заробеници. Чува стража.
(се чува) Се варди, се пази од некого или нешто, да не му се случи нешто.
Албански: mbrohem, ruaj
Примери:
Чувај се од него.

чувадар повеќе

мн. чувадари
Вид збор: Именка, машки род
чувар
Употреба: Архаизам

чувар повеќе

мн. чувари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што чува.
Албански: rojtar
Примери:
Чувар на магазините, чувари на редот.

чувач повеќе

мн. чувачи
Вид збор: Именка, машки род
чувар