hook - онтологија

закачалка повеќе

мн. закачалки
Вид збор: Именка, женски род
Направа со неколку куки за закачување алишта, изработена од дрво, метал, пластика и сл.
Албански: varëse
Примери:
Мантилот висеше на закачалката во ходникот.
Направа во вид на кука за закачување, прицврстена на кој и да е предмет што треба да се закачува.
Албански: varëse
Примери:
На горниот дел од ламбата имаше закачалка.
Мала платнена лента пришиена на горниот дел од палто, капут и сл. што служи за закачување.
Албански: varëse, verigë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми се скина закачалката на капутот.

јадица повеќе

мн. јадици
Вид збор: Именка, женски род
Дел од риболовна опрема, метална жичка свиткана како кука, со остар врв.
Албански: grep
Примери:
Црвчето висеше на јадицата.

канџа повеќе

мн. канџи
Вид збор: Именка, женски род
Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети.
Турски: kanca Албански: kthetër
Резе на врата во вид на канџа, кука.
Албански: çengel
Примери:
Се поврати да ја стави железната канџа на вратата.

кракел повеќе

мн. кракли
Вид збор: Именка, машки род
кука, ченгел
Употреба: Архаизам

кроше повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Во бокс, краток страничен удар.
Француски: crotchet
Употреба: Спорт
Примери:
лево, десно кроше

кука повеќе

мн. куки
Вид збор: Именка, женски род
Железна, дрвена или пластична прачка, свиткана на едниот или на двата краја што служи за обесување.
Албански: grep
Примери:
Низите од тутун се обесуваат со куки.
Долга железна или дрвена прачка свиткана на едниот крај што служи да се дофати, да се привлече нешто.
Албански: grep
Примери:
Cо долга кука ги извлекуваа удавените од реката.
Подвиткан врв на игла за плетење.
Турски: kuka Албански: grep

кукалка повеќе

Види и: кука (ж.)
мн. кукалки
Вид збор: Именка, женски род
кука

кукачка повеќе

мн. кукачки
Вид збор: Именка, женски род
кука
Албански: grrep

ченгел повеќе

мн. ченгели
Вид збор: Именка, машки род
железна кука
Турски: çengel