закачалка
мн. закачалки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9485
1.
Направа со неколку куки за закачување алишта, изработена од дрво, метал, пластика и сл.
Примери:
Мантилот висеше на закачалката во ходникот.
2.
Направа во вид на триаголник со една кука за закачување алишта во плакар.
Англиски:
coat hanger
Албански:
varëse
Сите фустани ѝ беа наредени на посебни закачалки.
3.
Направа во вид на кука за закачување, прицврстена на кој и да е предмет што треба да се закачува.
Примери:
На горниот дел од ламбата имаше закачалка.
4.
Мала платнена лента пришиена на горниот дел од палто, капут и сл. што служи за закачување.
Примери:
Ми се скина закачалката на капутот.