influence - онтологија

влијае повеќе

влијаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши влијание на или врз некого или нешто, насочува нечија работа, дејност, определба, постапка.
Албански: ndikoj
Примери:
Многу фактори влијаат врз општествениот развиток.

влијание повеќе

мн. влијанија
Вид збор: Именка, среден род
Дејствување што го врши некој или нешто врз некого или врз нешто; моќ на дејствување врз некого или врз нешто.
Албански: ndikim
Примери:
Падне под влијание.

воздејство повеќе

мн. воздејства
Вид збор: Именка, среден род
дејство, влијание
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Творел под воздејство на народната литература.

воздејствува повеќе

воздејствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
дејствува, влијае
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се напрегал да воздејствува на една заостаната селска средина.

дејствува повеќе

дејствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има влијание, се одразува.
Албански: ndikon
Примери:
Сите тие часови како отров дејствуваа врз нашите срца.

инфлуенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
влијание
Албански: influencë
Појава кога некое ненаелектризирано тело ќе се наелектризира со негово внесување во полето на некое наелектризирано тело, а штом ќе се оддалечи од тоа поле, електрицитетот наполно исчезнува.
Албански: influencë
Употреба: Физика
Примери:
Електрична инфлуенција.
Својство на железото да станува магнетно во поле на магнет, но го губи магнетизмот штом ќе се оддалечи од магнетното поле.
Албански: influencë
Употреба: Физика
Примери:
Електромагнетна инфлуенција.

навев повеќе

мн. навеви
Вид збор: Именка, машки род
Влијание, дејство од некоја страна.
Албански: ndikim, influencë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Навеви од младотурското движење.

обработи повеќе

обработат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши влијание, притисок врз некого да мисли и да дејствува како што се бара од него.
Албански: ndikoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Го обработија сведокот за да ја скријат вистината.

одрази повеќе

одразат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одрази) Се покаже, се пренесе како влијание, резултат, последица од нешто.
Албански: ndikoj, reflektoj
Примери:
Нивните несогласувања се одразија и на нас.

повлијае повеќе

повлијаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши влијание.
Примери:
Се надеваше дека одморот на море добро ќе повлијае врз здравјето на децата.

потпадне повеќе

потпаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде, падне под влијание на некого или нешто.
Албански: bie
Примери:
Тој беше млад и потпадна под туѓото влијание.

сенка повеќе

мн. сенки
Вид збор: Именка, женски род
Се наоѓа под полно влијание на некого.
Албански: ndikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Падне, фрли (лоша) сенка на некого.

уплив повеќе

Вид збор: Именка, машки род
влијание