мн. изотерми
Вид збор: Именка, женски род
Црти што на географска карта ги спојуваат местата со иста температура.
изотермичниот
Вид збор: Придавка
Што има еднаква или постојана температура.
Примери:
изотермичен процес
Вид збор: Придавка
Што се однесува на изотерма.
мн. имплозии
Вид збор: Именка, женски род
Процес обратен на експлозијата.
Примери:
имплозија на телевизорот
мн. импулси
Вид збор: Именка, машки род
Производ од силата и времето во кое таа сила дејствувала.
мн. инверзии
Вид збор: Именка, женски род
Во метеорологијата - појава кога температурите на пониските места, во котлините се пониски одошто на повисоките, на планинските падини, додека обично е обратно.
мн. индикатори
Вид збор: Именка, машки род
Материјали кои под дејство на некое нуклеарно зрачење стануваат радиоактивни.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Добивање електрична струја со помош на магнет.
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Произведе струја со вртење метален проводник во магнетно поле.
Примери:
Ако магнет се вметне во намотка што претставува составен елемент на струен круг, во намотката се индуцира електрична струја.
(едн.) инерцијата
Вид збор: Именка, женски род
Својство на телото да ја задржи својата состојба на мирување или на рамномерно праволиниско движење.
Англиски:
inertia
Албански:
inercion
мн. интерференции
Вид збор: Именка, женски род
Појава на взаемно влијание на брановите, чиишто резултат може да биде нивно слабеење, зголемување или поништување.
Примери:
атмосферска интерференција
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Појава кога некое ненаелектризирано тело ќе се наелектризира со негово внесување во полето на некое наелектризирано тело, а штом ќе се оддалечи од тоа поле, електрицитетот наполно исчезнува.
Примери:
Електрична инфлуенција.
Својство на железото да станува магнетно во поле на магнет, но го губи магнетизмот штом ќе се оддалечи од магнетното поле.
Примери:
Електромагнетна инфлуенција.
мн. инфразвуци
Вид збор: Именка, машки род
Звучни бранови чијашто честота на треперење е толку мала што не може да го прими човековото уво.
инфрацрвениот
Вид збор: Придавка
Во составот: инфрацрвени зраци - дел од светлосниот спектар што е невидлив за човековото око.
Примери:
Инфрацрвени зраци.