jumper - онтологија

рипач повеќе

мн. рипачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што рипа добро.
Употреба: Спорт

скокач повеќе

мн. скокачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што скока; атлетичар што се натпреварува во скокање.
Употреба: Спорт
Примери:
Во скок со стап победија нашите скокачи.

скокачка повеќе

мн. скокачки
Вид збор: Именка, женски род
За жена скокач.

скокле повеќе

мн. скоклевци
Вид збор: Именка, машки род
Човек или животно што скока многу.
Употреба: Разговорно

џемпер повеќе

мн. џемпери
Вид збор: Именка, машки род
Плетена блуза од волна или памук.
Албански: xhemper, triko