laughter - онтологија

кркотница повеќе

мн. кркотници
Вид збор: Именка, женски род
Силно, гласно cмеење.
Примери:
Во собата се слушаа кркотници.

смеа повеќе

мн. смеи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Карактеристични звуци како израз на радост, веселост.
Албански: gaz, qeshje
Примери:
Се слушаше смеа.

смеачка повеќе

смеачката
Вид збор: Именка, женски род
смеа, смеење
Употреба: Разговорно
Примери:
(нар. поез.) Јас ќе одам на пијачка, / на пијачка, на смеачка.

смев повеќе

Види и: смеа (ж.)
Вид збор: Именка, машки род
смеа

смеење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Покажува веселост.
Албански: qeshje, të qeshurit
Примери:
Срдечно смеење.

смеурија повеќе

мн. смеурии
Вид збор: Именка, женски род
Весела приказна; смешна работа.
Употреба: Разговорно

смешка повеќе

мн. смешки
Вид збор: Именка, женски род
смеа
Албански: qeshje
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Да умреш од смешка.