lid - онтологија

заклопка повеќе

мн. заклопки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа со што се покрива нешто.
Примери:
Кутијата имаше резбана заклопка.

залупка повеќе

мн. залупки
Вид збор: Именка, женски род
капак
Албански: kapak
Употреба: Дијалектен збор

капак повеќе

мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Предмет, направа со која се затвора некаков сад.
Турски: kapak Албански: kapak
Примери:
Го кренав капакот од тенџерето.
Подвижен, кожен набор што го затвора окото.
Албански: kapak
Употреба: Анатомија
Примери:
Очните капаци му останаа полуотворени.

поклопка повеќе

мн. поклопки
Вид збор: Именка, женски род
Предмет што служи за покривање нешто.
Примери:
Земјени поклопки.