капак
мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2193
1.
Предмет, направа со која се затвора некаков сад.
Примери:
Го кренав капакот од тенџерето.
Не можеше да го отвори капакот на теглата.
Слично со:
поклопка (ж.)
2.
Секој предмет, направа што служи за покривање, за затворање некаков отвор.
Појде до шкафот и откако го отвори капакот, почна да буричка.
Капакот на сандачето е отворен.
Со раката го галеше сребрениот капак на часовникот.
3.
Дрвено или метално крило на прозорец или врата што може да се отвора и затвора.
Примери:
Се стрча кон прозорецот за да провери дали се капаците добро затворени.
Капакот од прозорецот се отворал пополека, зашто бил 'рѓосан.
4.
Подвижен, кожен набор што го затвора окото.
Примери:
Очните капаци му останаа полуотворени.
Слично со:
клепка (ж.)
5.
Свитканиот дел на ракав од кошула, на панталони и сл.
Слично со:
манжетна (ж.)
6.
Крај на нешто.
Примери:
Тој се обидуваше да стави капак на таа работа.
Како капак на сето тоа дојде и писмото што не го очекуваа.
Изрази
Каво тенџере, таков какак.
Растел под стаклен капак.
Изведенки
капачиште ср.
мн. капачишта
аугм. и пејор.
мн. капачишта
аугм. и пејор.