lock - онтологија

брава повеќе

мн. брави
Вид збор: Именка, женски род
Метална направа за затворање врата со клуч.
Албански: bravë
Примери:
Сандачето со пари беше од полирано дрво со цврста месингана брава.
Механизам за затворање.
Албански: bravë, mekanizëm për mbyllje
Примери:
Електронска брава.

затвор повеќе

мн. затвори
Вид збор: Именка, машки род
Предмет со кој се затвора нешто, катанец, клуч.
Латински: dry
Употреба: Дијалектен збор

затворало повеќе

Види и: затвор (м.)
мн. затворала
Вид збор: Именка, среден род
затвор

затворач повеќе

мн. затворачи
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен дел, механизам на огнено оружје кој служи за затворање на куршумот во цевката, за истрелување и за исфрлање на празните чаури.
Албански: mbyllës, ndalues
Употреба: Воен термин
Примери:
Го чистеше затворачот на пушката.

катанец повеќе

мн. катанци
Вид збор: Именка, машки род
Bид брава, подвижна метална направа за заклучување врата која од надвор се става на вратата, брава за надворешно заклучување.
Примери:
На железните алки од вратата висеше 'рѓосан катанец.

катинар повеќе

Види и: катанец (м.)
мн. катинари
Вид збор: Именка, машки род
катанец
Примери:
Вратата беше заклучена со голем катинар.

клучалка повеќе

мн. клучалки
Вид збор: Именка, женски род
Брава; направа за заклучување.
Албански: vegël për mbyllje
Примери:
Тој чу како штракна клучот во клучалката.

клучарка повеќе

мн. клучарки
Вид збор: Именка, женски род
Bид примитивен лост за затворање на врата.
Албански: kyç

преводница повеќе

мн. преводници
Вид збор: Именка, женски род
Систем од брани на река или канал со кои се пребродува разликата на нивото на водата и преку кои минуваат пловни објекти.
Примери:
На хидроелектраната има четири преводници за чие одржување се потребни пари.

превојница повеќе

мн. превојници
Вид збор: Именка, женски род
Постројка меѓу две брани со различен водостој преку која минуваат пловни објекти.
Употреба: Транспорт
Примери:
бродска превојница

френк повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
брава, клучалка
Употреба: Разговорно