map - онтологија

карта повеќе

мн. карти
Вид збор: Именка, женски род
Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела.
Албански: hartë
Употреба: Географија
Примери:
карта на светот
Цртеж со специфични податоци што служат за определени научни истражувања, за определени потреби.
Албански: hartë
Примери:
политичка карта

картографира повеќе

картографираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изработи, изработува карта (на некаква област, терен) со потребните географски податоци.
Употреба: Географија
Примери:
Собраниот материјал, пред да се картографира, се обработува низ повеќе фази.

мапа повеќе

мн. мапи
Вид збор: Именка, женски род
географска карта
Албански: hartë
Употреба: Географија

мапира повеќе

мапираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Внесува во мапа, скицира, регистрира.
Примери:
Ќе се мапираат сите мали и средни претпријатија.

план повеќе

мн. планови
Вид збор: Именка, машки род
Цртеж, приказ во рамнина.
Албански: plan
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
План на зграда.