а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

план

мн. планови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 575
1. Цртеж, приказ во рамнина.
Англиски: map Албански: plan
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
План на зграда.
Урбанистички план.
2. Oднапред набележен систем од мерки за навремено исполнување на поставените задачи.
Англиски: plan Турски: plan
Примери:
Производствен план.
Перспективен план.
Петгодишен план.
3. Претходна намера, замисла, проект.
Англиски: idea Албански: ide
Примери:
Нема планови за иднината.
Оди без план.
План за напад.
4. Определен ред за излагање.
Англиски: sequence Албански: rend
Примери:
План на романот.
5. Местото на некој предел во перспектива во однос на неговата оддалеченост од гледачот.
Англиски: location Албански: lokacion
Примери:
Во крупен план.
(разг.) Преден (прв) план.
На заден (втор) план.
6. Гледиште, начин на разгледување.
Англиски: aspect Албански: pikëpamje
Примери:
На планот на културната соработка.
На психолошки план.