match - онтологија

кибрит повеќе

мн. кибрити
Вид збор: Именка, машки род
Кутија што содржи мали дрвца, коишто од едната страна се обложени со запалива материја за брзо палење.
Турски: kibrit
Примери:
Скокни до дуќанчето и купи два-три кибрити.

кибритче повеќе

Види и: кибрит (м.)
мн. кибритчиња
Вид збор: Именка, среден род
кибрит
Албански: shkrepsë, qibrit
Употреба: Деминутив
Едно дрвце од кибрит.
Албански: kokërr qibriti
Примери:
Се гледаше само јасното оганче од запаленото кибритче.

меч повеќе

мн. мечеви
Вид збор: Именка, машки род
спортски натпревар
Албански: ndeshje
Употреба: Спорт
Примери:
На вчерашниот меч, домашната екипа се покажа поуспешна.

натпревар повеќе

мн. натпревари
Вид збор: Именка, машки род
Натпреварување, спортcка борба меѓу двајца или меѓу две екипи.
Албански: garë
Употреба: Спорт
Примери:
натпревари во атлетика

одговара повеќе

Види и: одговори (св.)
одговараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Соодветствува, личи, прилега на некого или на нешто.
Албански: përgjigjet
Примери:
Тоа не одговараше на вистината.

пар повеќе

мн. парови
Вид збор: Именка, машки род
(обично со негација) Што мy прилега некому по своите квалитети.
Албански: përshtat
Примери:
Тој не ти е пар.

потрефи повеќе

потрефат
Вид збор: Глагол, свршен
погоди
Германски: treffen Албански: godas, qëlloj
Употреба: Разговорно

совпаѓање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) совпадне

спореди повеќе

споредат
Вид збор: Глагол, свршен
прирамни, изедначи
Албански: krahasoj
Примери:
Ученик е уште, но можеш да го споредиш и со најголемиот мајстор.

средба повеќе

мн. средби
Вид збор: Именка, женски род
натпревар
Албански: ndeshje
Употреба: Спорт
Примери:
Првата средба заврши нерешено.