а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

средба

мн. средби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 606
1. Наоѓање, среќавање со некого при доаѓање од разни страни; заедничко наоѓање сврзано со нечие доаѓање.
Англиски: encounter Албански: takim
Примери:
Сакаше да ја избегне средбата со класот.
непредвидена средба
средба со авторот на романот
Литературна средба.
2. Претходно договорено наоѓање на две или повеќе лица; собир на луѓе по прашања од заеднички интерес.
Англиски: meeting Албански: takim
Примери:
Закаже средба.
родителска средба
3. Претходно договорено скришно наоѓање на љубовници.
Англиски: rendezvous Албански: vend takimi
Примери:
љубовна средба
4. натпревар
Англиски: match Албански: ndeshje
Употреба: Спорт
Примери:
Првата средба заврши нерешено.
средба на градските репрезентации
пливачка средба