мн. минуси
Вид збор: Именка, машки род
Ознака за негативни броеви и негативни големини.
мн. негативи
Вид збор: Именка, машки род
Слика на развиена и фиксирана фотографска плоча или филм на која темните и светлите места се распределени обратно одошто во природата.
Лик на некој предмет втиснат во гипс, пластика, направен заради репродукција.
негативни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на негатив.
Што искажува негирање.
Примери:
Негативен одговор.
негаторскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на негатор и на негаторка; што има карактер на негирање.
Примери:
Негаторска постапка.
нездравиот
Вид збор: Придавка
Што има, што покажува негативни својства.
Примери:
нездрави односи