Математика - категорија

максимум повеќе

(едн.) максимумот
Вид збор: Именка, машки род
Најголемо количество или големина на нешто, најголем дострел, најголем износ, најголем број, степен и сл.
Англиски: maximum
Примери:
Искористи максимум од своите знаења.

математика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за квантитативните односи и просторните облици во стварноста која опфаќа алгебра, аритметика и геометрија.
Англиски: mathematics Албански: matematika

математичар повеќе

мн. математичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со математика.
Англиски: mathematician Албански: matematicient
Примери:
Професорите математичари имаа состанок.
Човек кому добро му оди математиката.
Англиски: mathematician Албански: matematicient
Примери:
Учениците беа добри математичари и редовно одеа на натпревари.

матрица повеќе

мн. матрици
Вид збор: Именка, женски род
Систем од бројки распоредени во правоаголни шема и редови кои се однесуваат според вообичаените алгебарски закони.
Англиски: matrix Албански: matricë

медијана повеќе

мн. медијани
Вид збор: Именка, женски род
Положбена средна вредност која што се наоѓа во средината на серијата чии членови се подредени по големина.
Англиски: median
тежишна линија во триаголник
Англиски: median

минимум повеќе

(едн.) минимумот
Вид збор: Именка, машки род
Најмало количество или големина на нешто, најмал дострел, најмал износ, најмал број, степен и сл.
Англиски: minimum Албански: minimum
Примери:
Антица ги затвора прозорците, ги спушта завесите и го намалува светлото до минимум.

минус повеќе

мн. минуси
Вид збор: Именка, машки род
Математички знак (-) за означување на операцијата вадење.
Англиски: minus Албански: minus
Ознака за негативни броеви и негативни големини.
Англиски: negative Албански: negativ

минута повеќе

мн. минути
Вид збор: Именка, женски род
Мерна единица што означува шеесетти дел од степенот при мерење агол.
Англиски: minute Албански: minutë

многуаголен повеќе

многуаголниот
Вид збор: Придавка
Што има многу агли.

многуаголник повеќе

мн. многуаголници
Вид збор: Именка, машки род
Многуаголна геометриска фигура.
Англиски: polygon

множеник повеќе

мн. множеници
Вид збор: Именка, машки род
Број што cе множи со друг број.
Англиски: multiplicand

множество повеќе

мн. множества
Вид збор: Именка, среден род
Севкупност од елементи поврзани со некој признак.
Англиски: set Албански: set, komplet
Примери:
Множество парни броеви.

множи повеќе

множат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши операција множење.
Англиски: multiply Албански: shumëzoj

множител повеќе

мн. множители
Вид збор: Именка, машки род
Број со кој се множи друг број.
Англиски: multiplier

модел повеќе

мн. модели
Вид збор: Именка, машки род
Геометриски цртеж, шема или опис на некоја појава или на процес.
Англиски: model Албански: model
Примери:
Математички модел.

модул повеќе

мн. модули
Вид збор: Именка, машки род
Утврдена основна величина, апсолутна вредност, норма.
Англиски: module Албански: modul

моном повеќе

мн. мономи
Вид збор: Именка, машки род
Едноставен математички израз; продукт на повеќе варијабли; член со коефициент.
Англиски: monomial
Примери:
Еден полином може да содржи три или повеќе мономи.

мултипликатор повеќе

мн. мултипликатори
Вид збор: Именка, машки род
умножувач, множител
Англиски: multiplicator

мултипликација повеќе

мн. мултипликации
Вид збор: Именка, женски род
Умножување, зголемување на бројот на нешто.
Англиски: multiplication
Примери:
Мултипликација на несреќи.

мултиплицира повеќе

мултиплицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Умножува, множи, зголемува број на нешто.
Англиски: multiply
Примери:
Понекогаш во поентата целиот настан се мултиплицира.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш