мн. броеви
Вид збор: Именка, машки род
Точно определена вкупност на единици во едно количество.
Примери:
Бројот на заболените се намалува.
Ознака за лица, предмети, поими изразена со број, административни предмети, телефони, куќи и сл.
Албански:
numër
Нека влезе број пет.
Слично со:
цифра (ж.)
Дневен или одделен отпечаток од дневен или периодичен печат, отпечаток од списание.
Албански:
numër
Тогаш се издаваат и два броја од весникот „Искра“.
Слично со:
издание (ср.)
Граматичка категорија: еднина, множина кај менливите зборови.
Примери:
Многу именки немаат број множина.