број
мн. броеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 807
1.
Точно определена вкупност на единици во едно количество.
Примери:
Бројот на заболените се намалува.
По бројот на снопјето се одредувал данокот за спахијата.
двоцифрен број
реден број
2.
Ознака за лица, предмети, поими изразена со број, административни предмети, телефони, куќи и сл.
Примери:
Нека влезе број пет.
Линиите број пет и девет не работат.
Високиот гледаше во бројот на куќата.
Бројот на личната карта се запишува од задната страна на чекот.
Телефонскиот број е променет.
Слично со:
цифра (ж.)
3.
Ознака за големина на некои производи, обувки, облека и сл.
Примери:
Тој носи чевли број 43.
Кошула број четириесет.
Слично со:
големина (ж.)
4.
Дневен или одделен отпечаток од дневен или периодичен печат, отпечаток од списание.
Примери:
Тогаш се издаваат и два броја од весникот „Искра“.
Во секој втор број на списанието објавуваме текстови на наши читатели.
Таа зеде од масата еден илустриран број и со него се врати во фотелјата.
Слично со:
издание (ср.)
5.
Bид полнозначен збор со кој се означува количество.
Примери:
број од дванаесет души
број од пет леба
Слично со:
количество (ср.)
6.
Граматичка категорија: еднина, множина кај менливите зборови.
Примери:
Многу именки немаат број множина.
Изрази
Арапски број - број што се пишува со арапски цифри 1, 2, 3...
Римски број - број што се пишува со римски цифри I, V.
Парен број - број што е делив со два.
Непарен број - број што не е делив со два.
Главни броеви - броеви што означуваат количина.
Негативен број - број со знакот минус.
Астрономски број - многу голем број.
Без број - неброено многу.
Голем број - многу.
Не му се сите кози (овци, мајки) на број - не е расположен.
Бројот не му се знае, нема број - огромно, неизмерно, неброено количество.
Изведенки
бројче ср.
мн. бројчиња
дем. и хип.
мн. бројчиња
дем. и хип.