only - онтологија

еден повеќе

Види и: еден (бр.)
едни
Вид збор: Придавка
единствен, сам
Албански: vetëm
Примери:
Таа е една на мајка.

единствено повеќе

Вид збор: Прилог
само
Примери:
Јас и ти сме единствено луѓе кога ги напуштаме оние што најмногу ги сакаме.

единствено повеќе

Вид збор: Честичка
честица за изделување
Примери:
Единствено тоа беше кусо.

елем повеќе

Вид збор: Честичка
нели, значи, само
Турски: hele
Употреба: Архаизам
Примери:
Елем, да се направи адетот и да прикажуваат децата кога ќе пораснат дека „филан и филан јас го знам и на сповојницата сум му бил“.

иља повеќе

Вид збор: Прилог
само
Турски: illa
Употреба: Разговорно
Примери:
Овие комшииве и родниниве твои, иља да те видат да плачеш - срцето им се полни.

исклучиво повеќе

Вид збор: Прилог
само, единствено
Примери:
Висококвалитетна добиточна храна сега се обезбедува исклучиво од увоз.

исклучително повеќе

Вид збор: Прилог
само, единствено
Примери:
Се интересираше исклучително за историја.

просто повеќе

Вид збор: Честичка
За ограничување, само.
Примери:
Рече и тој неколку збора, просто колку да каже и тој нешто.

саде повеќе

Вид збор: Прилог
само
Турски: sade
Употреба: Разговорно
Примери:
Саде со вода живее.

сајте повеќе

Вид збор: Прилог
саде, само

сал повеќе

Вид збор: Прилог
саде
Употреба: Разговорно

салде повеќе

Вид збор: Прилог
саде, само
Употреба: Разговорно

салте повеќе

Вид збор: Прилог
саде, само.
Турски: salt
Употреба: Разговорно

само повеќе

Вид збор: Честичка
Со именки и заменки со значење единствено, исклучиво.
Албански: vetëm
Примери:
Само учењето е спасот.
Со значење не, ништо друго освен тоа.
Примери:
Само ветува, а ништо не прави.
Со значење покриен, во голема мера, сиот опфатен од тоа што значи именката (обично нечистотија, вода).
Примери:
Улиците се само дупки.
Во составот „само и само“ означува цврста решеност, по секоја цена да се постигне целта.
Примери:
Сакаше само и само да биде таму вечер.
Во разни контексти со значење: потсилување, закана, негодување, обусловена готовност, желба.
Примери:
Само дојди, ќе се договориме.

само повеќе

Вид збор: Прилог
Точно толку, не повеќе.
Албански: vetëm
Примери:
Имаше десетина мажи и само една жена.

само повеќе

Вид збор: Сврзник
исклучување, изземање, освен
Примери:
Сите дојдоа, само таа не дојде.

тек повеќе

Вид збор: Честичка
дури, само
Примери:
Тек сега ми стана јасно.

чисто повеќе

Вид збор: Прилог
само, исклучиво
Примери:
Тоа е чисто твоја грешка.