orthodox - онтологија

ортодокс повеќе

мн. ортодокси
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на ортодоксно верување.
Албански: ortodoks
Употреба: Религија
Припадник на ортодоксната црква.
Албански: ortodoks
Употреба: Црковен термин

ортодоксен повеќе

ортодоксниот
Вид збор: Придавка
Што догматски се држи до пропишаните правила на одредена идеологија, религија.
Употреба: Религија

правоверен повеќе

правоверниот
Вид збор: Придавка
Што се придржува строго кон догмите на некоја вера, религија.
Употреба: Религија
Примери:
Правоверен христијанин.
Што припаѓа на вера за која нејзините верници мислат дека е права, вистинска.
Употреба: Религија
Примери:
Правоверен муслиман.
Што се придржува строго кон некакво учење, идеја или правец.
Примери:
Правоверни приврзаници.

правоверец повеќе

мн. правоверци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што припаѓа на вера за која смета дека е права, вистинска.
Албански: besimtar
Употреба: Религија , Црковен термин
Примери:
Сите правоверници беа во црквата и се молеа.

православен повеќе

православни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на православие.
Употреба: Религија
Примери:
Православен календар.
Што исповедува православие.
Употреба: Религија
Примери:
Православен народ.

православец повеќе

мн. православци
Вид збор: Именка, машки род
Православен човек, припадник на православната христијанска вера.
Употреба: Религија
Примери:
Во земјата заедно живеат и православци и католици.