обрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши обрежување на машко дете (кај Евреите и Муслиманите).
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсекување на еден дел од кожата на половиот орган кај мало момче, според прописите на еврејската и муслиманската религија.
овоземниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на овој свет, на овој живот.
Примери:
овоземен живот, овоземни радости
мн. олтари
Вид збор: Именка, машки род
Најважен дел во црква, издигнато и преградено место во предната источна страна на црквата, каде што се одвива главниот дел од богослужбата.
Англиски:
altar
Албански:
altar
Примери:
Беше седната на скалилата пред олтарот и липаше.
мн. опати
Вид збор: Именка, машки род
Игумен на машки манастир во некои католички редови.
мн. опатии
Вид збор: Именка, женски род
Католички манастир заедно со неговите имоти.
Англиски:
abbey
Албански:
abaci, manastir
(само едн.) Должност на опат.
Албански:
detyrë e abatit
мн. опатици
Вид збор: Именка, женски род
Игуменка на женски католички манастир.
Англиски:
abbess
Албански:
abatie në abaci
Монахиња во католички манастир, чесна сестра.
Англиски:
nun
Албански:
murgeshë
мн. оракули
Вид збор: Именка, машки род
Место, храм во кој се пророкувало.
Англиски:
oracle
Албански:
orakull
мн. ордени
Вид збор: Именка, машки род
мн. ортодокси
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на ортодоксно верување.
ортодоксниот
Вид збор: Придавка
Што догматски се држи до пропишаните правила на одредена идеологија, религија.
осветениот
Вид збор: Придавка
Што е направен да биде свет.
Примери:
Осветена црква.
осветат
Вид збор: Глагол, свршен
(се освети) Стане свет, светец.
Англиски:
canonize
Албански:
kanonizoj, shenjtëroj
Примери:
Свети Димитрија се освети.
отпаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја напушти верата.
Примери:
Тој отпадна од нашата вера.
мн. отпадници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ја сменил верата или што станал неверник.
Англиски:
apostate
Албански:
renegat, femohues
Примери:
Отпадници од верата.
мн. отстапници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се откажал од својата вера.