мн. кусури
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е над определена мера.
Примери:
Поминаа дваесет и кусур години.
Вид збор: Префикс
(нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл.
Примери:
надвика, надгласа, надживее
(нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - извршување на дејство над нешто, одозгора.
Примери:
надвисне, надлета, наднесе, наткрили
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор.
Примери:
надградба, надвозник
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата.
Примери:
надвојвода, надбискуп, надбискупија
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто.
Примери:
надбубрежен, надморски
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - признак во определена мера.
Примери:
натпросечен, натчовечки
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата.
Примери:
наднационален, натпартиски
Вид збор: Предлог
Количествен признак, повеќе од нешто.
Примери:
Hа средбата учествуваа над сто научни работници.
Нешто што треба да има предност, да се претпочита.
Примери:
Каде и да сме, љубовта кон Македонија треба да ни биде над сѐ.
Особина од највисок степен, при споредба на две исти именки.
Примери:
Тој беше мајстор над мајсторите.
Објект врз кој е насочено, сосредоточено дејството.
Примери:
Го затекнавме задлабочен над ракописот на новиот роман.
Надмоќ, превласт, управување на некој врз некого или нешто.
Примери:
Со својата трудољубивост и чесност се наметна над сите.
Вид збор: Префикс
Претставка за образување глаголи со насока на глаголското дејство преку или низ нешто, движење од едно место до друго, од една страна до друга.
Примери:
пречекори, пребега
Претставка за образување глаголи со повторно извршување на дејството, често и на подруг начин, поинаку.
Примери:
прекопа, прекрои
Претставка за образување глаголи со извршување на дејството над вообичаената мера, претерано, често и со непожелни последици.
Примери:
презрее, пресоли
Вид збор: Предлог
Простирање по некоја површина.
Примери:
Се покрив со јорганот преку глава и така сум заспал.
начинско значење
Примери:
Се лути поради влегување преку ред.
Повеќе во однос на нешто, над некоја граница.
Примери:
За поправка морам да платам преку илјада денари.
Пренебрегнување, необѕирање, заобиколување и сл.
Примери:
Таа премина преку навредата и не рече ни збор.