present - онтологија

ариза повеќе

аризал
Вид збор: Глагол, свршен
подари
Примери:
Му ја ариза колата.

бакшиш повеќе

мн. бакшиши
Вид збор: Именка, машки род
Подарок, дар, награда за направена услуга.
Турски: bahşiş Албански: bakshish
Употреба: Разговорно
Примери:
Снаата ќе донесе безброј бакшиши.

дар повеќе

мн. дарови
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) невестински подарок
Албански: dhuratë
Примери:
Невестата делеше дарови.

дари повеќе

Види и: дарува (несв.)
дарат
Вид збор: Глагол, свршен
дарува

даровина повеќе

мн. даровини
Вид збор: Именка, женски род
Дарови што ѝ ги носат сватовите на невестата.

дарува повеќе

Види и: дари (св.)
даруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Даде, дава некому нешто на дар, подари, подарува.
Албански: dhuroj
Примери:
Ги дарува месариите.
Даде, дава свадбен дар.
Албански: dhuroj
Примери:
Ги дарува кумовите.
(се дарува) Меѓу себе разменуваат дарови.
Албански: dhuroj
Примери:
Снаа и золва се даруваа.

демонстрира повеќе

демонстрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Јавно покаже, покажува и прикаже, прикажува нешто, изведе, изведува демонстрација на нешто.
Албански: demonstroj, prezantoj
Примери:
Ќе демонстрираме низ неколку примери.

денешнина повеќе

Види и: денешница (ж.)
(едн.) денешнината
Вид збор: Именка, женски род
сегашност
Примери:
Сообраќајниот трауматизам е чума на денешнината, сметаат докторите.

денешница повеќе

(едн.) денешницата
Вид збор: Именка, женски род
сегашност
Албански: e sotmja, aktuale
Примери:
Денешницава е тешка за секого.

изнесе повеќе

изнесат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи, искаже, каже.
Албански: prezantoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
На Собирот изнесовме некои нови сознанија за овој наш великан.

подари повеќе

подарат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому подарок.
Албански: dhuroj
Примери:
Подари му книга за роденденот.

поклон повеќе

мн. поклони
Вид збор: Именка, машки род
дар, подарок
Албански: dhuratë
Употреба: Разговорно

поклони повеќе

поклонат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде подарок, дар, поклон.
Албански: dhuron
Примери:
Таа ми поклони цвеќе.

презент повеќе

мн. презенти
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Сегашно време, глаголски форми што означуваат дејство што се врши во моментот на зборувањето.
Албански: koha e tashme
Употреба: Граматика
подарок, дар
Албански: dhuratë
Примери:
Свадбени презенти.

презентира повеќе

презентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претстави, претставува, прикаже, прикажува, изнесе, изнесува нешто нешто во јавноста.
Примери:
Тој ја презентираше својата модна колекција.

презентски повеќе

презентскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на презент.
Употреба: Лингвистика
Примери:
презентска основа

претстави повеќе

претстават
Вид збор: Глагол, свршен
Најави покаже, прикаже пред публика.
Албански: prezantoj
Примери:
Убаво ја претстави најновата стихозбирка пред публиката.
Изрази на друг начин.
Албански: prezantoj
Примери:
Дропките претстави ги како децимални броеви.

прикаже повеќе

прикажат
Вид збор: Глагол, свршен
Претстави, покаже, презентира (јавно, пред публика) нешто; даде оцена за нешто (филм, театарска претстава, нов производ).
Албански: paraqes
Примери:
Издавачите ги прикажаа своите нови изданија на саемот.

присутен повеќе

присутни
Вид збор: Придавка
Што присуствува негде, на некој настан.
Албански: i pranishëm
Примери:
На приемот беа присутни и сопругите.
Што го има, што е во составот на нешто.
Албански: pranishëm, prezent
Примери:
Во работата се присутни многубројни слабости.

сегашен повеќе

сегашни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на времето во кое се живее.
Примери:
сегашниве деца

сегашнина повеќе

сегашнината
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што било денеска, сега, во сегашно време.
Примери:
Зборуваше за сегашнинава а не за иднината.

сегашница повеќе

Види и: сегашнина (ж.)
сегашницата
Вид збор: Именка, женски род
сегашнина

сегашно повеќе

Види и: сегашнина (ж.)
сегашното
Вид збор: Именка, среден род
сегашнина
Албански: pranishëm, aktual
Употреба: Ретко

сегашност повеќе

Види и: сегашнина (ж.)
сегашноста
Вид збор: Именка, женски род
сегашнина
Албански: e tashme
Примери:
Во сегашноста.

совремие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што се случува, доживува сега, сегашност.
Примери:
Неговите слики се одраз на совремието.