public - онтологија

јавност повеќе

(едн.) јавноста
Вид збор: Именка, женски род
Множество информирани и упатени граѓани што учествуваат во општествениот и политичкиот живот, а со својот активен однос го формираат и го изразуваат јавното мислење.
Албански: publik
Примери:
Македонската книжевна и културна јавност.
Сфера на општествениот живот, различна од приватната.
Албански: publike
Примери:
Тој изнесе важни информации за случајот во јавноста.

општественост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Општеството во целина или негов дел кој го искажува јавно своето мнение; јавно мнение.
Примери:
научна општественост

публика повеќе

мн. публики
Вид збор: Именка, женски род
Собир на луѓе со заеднички интереси или сличен вкус.
Албански: publik
Примери:
Публиката го прифати новиот филм.
Луѓе што се информирани за определени слушувања од општествениот живот, од настаните во културата; јавно мислење.
Албански: opinion publik
Примери:
Читачката публика реагираше на најновите настани во издаваштвото.